8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАUBS и Credit Suisse заинтересирани за советување на руската Влада

UBS и Credit Suisse заинтересирани за советување на руската Влада

andrew-leighton-chamberlain-swiss-banks

Швајцарските банки UBS и Credit Suisse се заинтересирани за советување на руската Влада во неколкуте најавени приватизации, се додека договорите не ги кршат санкциите, пишува Reuters.

Овие банки, според зборовите на три анонимни банкарски извора, одговориле на повикот што руското Министерство за економија овој месец го упати до руските и странските банки за доделување на советодавна улога во планираната продажба на 50,8 отсто од државниот удел во нафтената компанија Башњефт, потоа 10,9 отсто од уделот во производителот на дијаманти Алроси, како и еднаков сопственички удел во банката ВТБ.

Банкарите претходно за Reuters рекоа дека западните инвестициски банки со филијали во Русија не сакаат да ја советуваат официјална Москва во процесот на приватизација, бидејќи се загрижени околу последиците од кршењето на западните санкции воведени за Москва заради украинската криза.

Швајцарија, иако не е членка на ЕУ, се приклучи на европските санкции против Русија.

Сепак, Швајцарија е изземена од контрасанкциите што Москва ги воведе на увозот на прехранбени производи од Европа, заради што швајцарското сирење е единствено западноевропско сирење што може да се најде во продавниците низ Москва.

Рускиот министер за економија Алексеј Уљукајев претходно рече дека три банки би требало да го водат процесот на приватизација што ќе се одржи ова година, додавајќи дека западните банки одговориле на повикот на Министерството, но не ги именуваше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП