29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАStandard & Poor's ги намали прогнозите за растот и инфлацијата во еврозоната

Standard & Poor’s ги намали прогнозите за растот и инфлацијата во еврозоната

eus 335

Економијата во еврозоната е како „авион со еден мотор“. Ова го изјави Жан-Мишел Сикс, главен економист за Европа на рејтинг агенцијата „Standard & Poor’s“, која ги намали економските прогнози за монетарната унија.

Во својот последен извештај од Сикс ја спореди економијата на 19-члениот монетарен сојуз со „авион со еден мотор“ кој се обидува да постигне висина, посочува „CNBC“. Според него, и покрај надежите за раст на економијата е малку веројатно да се врати на патот на раст пред кризата.

Рејтинг агенцијата ги намалува прогнозите за економскиот раст во еврозоната во 2016-та година од 1,8 отсто од ноември 2015-та до 1,5%. Во 2017-та година се очекува БДП да порасне за 1,6%.

Оваа година инфлацијата се очекува да биде 0,4%, а не 1,1% како што претходно се веруваше.

Од друга страна, „S & P“ прогнозира дека вработувањето ќе расте повеќе во 2016-та и 2017-та година, така што се очекуваат нивоа на невработеноста од 10,2 отсто во оваа година, што е помалку од претходната прогноза (10,9%) и 9,7 % во 2017-та година

„Продолжуваме да веруваме дека основните услови за обновување се поиздржливи, отколку финансиските пазари неодамна се претпоставуваа, но не се толку силни за да го вратат растот на нивото пред кризата“, вели Сикс.

„Покрај тоа, нагласуваме дека активностите на централните банки имаат минимален ефект врз изгледите за растот и за инфлацијата, делумно поради тоа, за што се борат, е надвор од нивниот дофат – пониски цени на суровините и флуктуации во валутите на пазарите во развој“, пишува уште во извештајот. Покрај тоа недостасува поддршката од страна на владите во форма на структурни реформи, кои стимулираат конкурентноста и ефикасноста на пазарот на трудот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП