5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Забрза кредитирањето на приватниот сектор во еврозоната

ЕЦБ: Забрза кредитирањето на приватниот сектор во еврозоната

ECB

Кредитирањето на приватниот сектор во еврозоната скромно забрза во месец февруари, покажуваат објавените податоци на Европската централна банка (ЕЦБ).

Во февруари, бројот на одобрени кредити пораснал за 1,1 проценти во однос на истиот период лани, што е благо над растот од 0,8 проценти од јануари, се наведува во соопштението на ЕЦБ, а пренесува агенцијата Франс прес.

Кога извесни стриктни финансиски трансакции ќе се одземат од овие податоци, трендот останува ист, со пораст на кредитирањето на домаќинствата и компаниите во февруари од 0,9 проценти во однос на растот од 0,6 проценти од јануари.

ЕЦБ лансираше низа мерки за поттикнување на кредитирањето, меѓу кои е и програмата за откуп на обврзници од владите на членките на еврозоната, вредна повеќе од 1.000 милиијарди евра, кои неодамна ги продолжи за дополнителни шест месеци во настојување да ја зголеми инфлацијата.

Растот на вкупната количина на пари во оптек (М3) во февруари изнесувал 5,0 проценти, што е еднакво на стапката на раст од јануари, соопшти ЕЦБ која на М3 гледа како на показател за идната инфлација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП