29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на Волстрит, Фед внимателен во врска со каматите

Раст на Волстрит, Фед внимателен во врска со каматите

wallstreet 003

Берзанските индекси на Волстрит остварија силен раст во вторникот, откако претседателката на Фед Џенет Јелен повика на внимателност во врска со зголемувањето на каматите.

Dow Jones зајакна 97 поени, или 0,56 отсто, на 17.633 поени, додека S&P 500 порасна за 0,88 отсто, на 2.055, а Nasdaq се зголеми за 1,67 отсто, на 4.846 поени.

Јелен во својот прв јавен настап, откако Фед минатиот месец ги задржа непроменети каматните стапки, порача дека глобалните ризици и натаму се присутни, вклучително и несигурноста во врска со растот на кинеската економија и ниските цени на нафтата.

Поради овие ризици Јелен смета дека Фед би требало да биде внимателен во врска со зголемувањето на каматните стапки.

Тоа ги ублажи стравувањата на инвеститорите од зголемување на клучните каматни стапки на Фед веќе во април, што неколку функционери на Фед го сугерираа минатата недела.

„Со оглед на изјавите на неколку функционери на Фед минатата недела, многумина очекуваа и поцврст став на претседателката на Јелен во врска со каматите, но тоа не се случи“, рече Омер Есинер, аналитичар во компанијата Commonwealth Foreign Exchange.

Благодарение на надежите дека Фед нема да брза со каматите, вчера раст остварија сите десет сектори на S&P 500 индексот.

Притоа најмногу, за 1,6 отсто, скокна технолошкиот сектор, а пораснаа и цените на акциите во енергетскиот сектор, за 0,35 отсто, иако цената на нафтата падна за 2,5 отсто.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера пораснаа. Франкфуртски DAX зајакна 0,37 отсто, на 9.887 поени, париски CAC се зголеми за 0,85 отсто, додека лондонски FTSE ослабна пак 0,01 отсто, на 6.105 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП