1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција врати долг од 52 милијарди долари

Турција врати долг од 52 милијарди долари

turcija2

Турција во мај ќе ја отплати последната рата од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во висина од 426 милиони долари.

По отплатата на долгот во односите на Анкара и ММФ кои траат веќе половина век ќе настапи нова етапа, во која Фондот ќе се ограничи на следење на економската ситуација во Турција, пишува весникот Стар.

Медиумите потсетуваат дека од 1961 до 2008 година Турција со ММФ потпиша 19 кредитни договори, и отплати долг од 52,7 милијарди.

„По отплатата на долгот, Турција и ММФ ќе ги заменат местата и Анкара на ММФ ќе му даде кредит од пет милијарди долари“, пишува весникот.

Турскиот премиер Таип Ердоган претходно ја најави намерата на Анкара во мај да ги врати долговите кон ММФ и да отвори кредитна линија за него. Тој потенцираше дека од кога е тој на власт, од 2002 година, кон ММФ се отплатени 23,5 милијарди долари долг.

Според Ердоган и претставниците на владата, отплатата на долгот ќе биде уште една потврда за стабилниот економски развој на Турција, која допрва ќе создаде уште поголеми услови за привлекување на нови инвестиции во земјата.

Турција, како што пренесуваат медиумите, ќе и докаже на Европската унија, со која во 2005 година ги започна преговорите за пристапување, дека за разлика од неа, Турција нема економски проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП