17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ќе инвестира 4 милијарди долари во Чешка

Кина ќе инвестира 4 милијарди долари во Чешка

dogovor kina ceska

Чешкиот претседател Милош Земан и кинескиот лидер Си Џинпинг, кој е во официјална посета на Прага, потпишаа договор за стратешко партнерство меѓу двете земји.

Документот предвидува меѓу нив да се утврдат приоритетните односи во трговско-економската и финансиско-инвестициската област, а исто така и во хуманитарната сфера.

„Само оваа година кинеските инвестиции во економијата на земјата ќе достигнат 95 милијарди круни (околу 4 милијарди долари)“, изјави Земан пред новинарите.

Според него ќе се зголемат и чешките инвестиции во кинеската економија, автомобилскиот концерн „Skoda“ ќе инвестира околу 2,4 милијарди долари во Кина во следните 5 години.

„Би сакал Чешка да стане вратата кон ЕУ за Кина“, истакна Земан.

Помеѓу двете земји беа потпишани и меморандуми за соработка во индустријата, транспортот, здравството и образованието.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП