
Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива без забрани, по суви коловози.


Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива без забрани, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Од Авто-мото сојузот на Македонија ги информираат возачите дека во среда, поради изведување на градежни работи на патниот правец Кичево – Охрид на делот помеѓу Пресека – с.Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути помеѓу 13:00 – 15:00 часот.