10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтартуваше новата платформа за тргување Сее Линк на јубилејот на Македонска берза

Стартуваше новата платформа за тргување Сее Линк на јубилејот на Македонска берза

see-link-link

Во вторникот на љубилејната 20-годишнина од работењето на Македонската берза за хартии од вредност, беше официјално презентирана новата платформа за тргување на која македонската, хрватската и бугарската берза ќе вршат пренасочување на налози за тргување со над 400 котирани компании на овие берзи.

Првпат во 2016 имаше тргување со акцијата на Ватекс АД Велес. Вкупно 1.855 акции беа истргувани по просечна цена од 810 денари по акција, а вредноста на акцијата се намали за 14,29 отсто. Последен пат со оваа акција беше тргувано на 16.11.2015 година.

Втор ден по ред акцијата на Жито Лукс АД Скопје е со највисок пораст. Денес ја предводеше листата на победници со нов пораст од 66,67 отсто преку 500 истргувани акции, а просечната цена на акцијата изнесуваше 200 денари по акција. Со акцијата на Комерцијална Бакна беше реализиран највисок промет (3,3 милиони денари).

Вкупниот реализиран промет изнесуваше 7.1 милиони денари и 71 реализирана трансакција.

Индексот МБИ-10 се намали за 0,23 отсто и изнесуваше 1.776,18 индексни поени, додека ОМБ порасна за 1,18 отсто и изнесуваше 128,79 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП