2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПремиера на новиот македонски филм „Џган“

Премиера на новиот македонски филм „Џган“

џган

Новиот македонски филм „Џган“,  долгометражно режисерско деби на Вардан Тозија, во продукција на Огнен Антов (Дрим Фектори), премиерно ќе биде прикажан во среда вечер во скопското кино Милениум.

Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула, Никола Ристановски, Љупчо Тодоровски, Сара Климовска.

Приказната во филмот не води низ низа свирепи околности кои претвораат тивко и повлечено момче во суров, бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од дом за деца без родители. Заедно, тие тргнуваат во слепа одмазда кон светот зад нивните ѕидови, свет што им нанел само болка и страдање. Светот во кој за нив, постои само едно, заедничко име – ЏГАН.

По премиерната проекција, прикажувањето на филмот продолжува секој ден на редовниот репертоар на кино Милениум во истиот термин, 20:00 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП