20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПлатформата за тргување со хартии од вредност SEE Link стана оперативна

Платформата за тргување со хартии од вредност SEE Link стана оперативна

see-link

SEE Link, регионалната платформа за тргување со хартии од вредност која ја основаа Македонската, Бугарската и Загрепската берза, стана целосно оперативна, објавено е во вторникот.

Проектот SEE Link е покренат со цел да се создаде регионална инфраструктура за тргување со хартии од вредност котирани на Македонската, Бугарската и Загрепската берза. За целиот проект да ја добие потребната правна рамка, трите берзи, кои имаат подеднакви удели во сопственоста, во 2014 година беше основано заеднички друштво чие седиште е во Скопје.

Функционалноста на платформата, која ја поддржа Европската банка за обнова и развој (ЕВБРД), беше објавена на годишната конференција на Македонската берза. Од ЕБРД притоа ја осигурија поддршката во износ од 540.000 евра, наменета за воспоставување техничко решени за платформата за проследување на берзанските налози, додека секоја берза учесник во проектот придонесе со по 80.000 евра, наменети за капиталното зајакнување на SEE Link.

Платформата ќе овозможи интеграција на регионалниот пазар на капиталот, чијашто пазарна капитализација изнесува околу 30 милијарди долари, во речиси 400 хартии од вредност котирани на трите берзи, а за позитивно да се влијае на ликвидноста и за да се овозможи поедноставен и поефикасен пристап за инвеститорите и локалните брокери, се наведува во соопштението.

Двата ткн „bluе chip“ регионални индекси наречени SEE LinX и SEE LinX EWI ќе бидат претставени на 1-ви април, а би требало дополнително да ја зголемат активноста на пазарите. Индексите ќе се состојат од десетте најликвидни регионални компании котирани на трите берзи, и тоа пет од Хрватска ,три од Бугарија и две од Македонија.

Се очекува дека 22 члена на берзата од Бугарија, Хрватска и Македонија ќе бидат поврзани преку берзата, а вкупно 387 хартии од вредност ќе бидат достапни за тргување.

Белградскатра и Љубљанската беза се придружија на SEE Link кон средината на февруари годинава кога потпишаа спогодба за придружување на самитот Western Balkans Investment кој се одржа во организација на ЕБРД во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП