23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата паднаа, повторно во фокусот прекумерното снабдување

Цените на нафтата паднаа, повторно во фокусот прекумерното снабдување

nafta 38844

Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа во вторникот, притиснати од очекувањата за продолженото зголемува на резервите во САД коишто го зацврстуваат фокусот на прекумерното снабдување.

На лондонскиот пазар цената на барелот сирова нафта во попладневното тргување падна за 96 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 39,31 долар. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 78 центи пониска цена од последното тргување, од 38,60 долари.

Одвоено, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека цената на барелот референтна кошничка нејзина нафта во понеделникот изнесувала 35,48 центи, што значи дека се зголемила за 52 центи во однос на претходниот трговски ден.

Веќе неколку седмици Саудиска Арабија, Венецуела и Катар ја разгледуваат можноста за замрзнување на производството на јануарското ниво поради поткрепување на цените на нафтата. Договорено е дека претставниците на OPEC и големите производители надвор од картелот ќе се сретнат на 17-ти април во Доха.

„Опсежната вербална интервенција очигледно во значителна мера им помогна на пазарите во изминатите два месеца, во комбинација со забавувањето на производството во САД. Сега тој фактор (на интервенција) се исцрпи и пазарите сакаат конкретни резултати“, толкува за Reuters Оле Хансен од „Saxo Bank“.

Во меѓувреме, фокусот на пазарите повторно е насочен на прекумерното снабдување, а аналитичарите очекуваат насоки од најновите седмични податоци за американските резерви. Се очекува нивен натамошен раст, на ново рекордно ниво.

Во таквата атмосфера цените на нафтата би требало да се движат во ограничен интервал. „Процесот на урамнотежување веќе започна, но вишокот во снабдувањето сé уште е присутен, а резервите, како што гледаме, и натаму растат“, констатира Бјерни Шиледроп од SEB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП