3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Готови се деновите на ултра брз раст

Кина: Готови се деновите на ултра брз раст

chinaworkers1

Претседателот на Кина Сји Џинпинг изјави дека деновите на ултра-брзиот раст на втората по големина светска економија веројатно се готови.

„Не верувам дека ќе бидеме во состојба да го одржиме ултра-брзиот економски раст, ниту пак, тоа е она што го сакаме“, изјави Сји на азискиот форум во Боао.

„Сепак, возможно е да го задржиме релативно брзото темпо на економскиот раст. Кинеската економија е во добра состојба“, наведе тој.

Откако започна да ја отвара својата економија, Кина во просек бележеше годишен економски раст од 9,9 проценти, што ретко се гледа во историјата на светскиот економски развој, изјави Сји,

Тој додаде дека факторите, како што е урбанизацијата, продолжувањето на индустријализацијата и модернизацијата на земјоделството се причини за оптимизам за идното искачување на економијата.

Кинеската економија минатата година го забележа најбавниот економски раст во последните 13 години, од 7,8 проценти, поради слабоста на домашниот пазар и на клучните извозни пазари.

„Ќе го промениме фокусот на економскиот развој на квалитет и ефикасност“, наведе претседателот. Кинеските лидери повеќе пати ветуваа дека ќе се промени економскиот модел, со цел да се поттикне домашната побарувачка, која е клучен фактор за растот, наместо инвестициите во извозот.

Кина минатиот месец соопшти дека целта за економскиот раст во оваа година е 7,5 проценти, како и во минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП