8 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПет грешки кои ќе го уништат вашиот бизнис

Пет грешки кои ќе го уништат вашиот бизнис

greski

Претприемачите треба да бидат внимателни бидејќи некои ситни грешки можат да бидат сериозно погубни за нивниот проект.

Еве како да ги избегнете петте најголеми грешки:

1. Непостоење на бизнис план

Ако во работењето се потпирате само на инстинктот, наместо и на бизнис планот, ќе паднете во невоља. Планот ви овозможува да се фокусирате на насоката во кој тргнала вашата компанија и зошто, како и да следите колку на тој пат сте успешни.

2. Непознавање на пазарот

Промените на желбите на вашите клиенти, како и производите на конкурентите можат да ве сместат на последното место во редицата – освен ако навистина не ги запознаете своите деловни партнери и сегашните и идни желби на вашите клиенти.

3. Работите се сами

Можеби вие сте клучното лице за се, но не можете да работите сами. И умерениот почетен успех може да ве преоптовари ако не вработите луѓе и ги распоредите должностите.

4. Занемарување на вработените

Успешното управување и мотивирање на вработените е еден од најголемите предизвици. Голем број на вработени значи и повеќе „човекови проблеми“. Ако не се решат, тие проблеми можат да ја уништат продуктивноста и да ја намалат добивката.

5. Занемарување на податоци

Како претприемач основна цел ви е да остварите добивка. Во секој момент треба да знаете во каква ситуација сте, да имате прецизен и продуктивен систем за следење и анализа на клучните податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП