4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Што мислат Европејците за себе и за соседите?

График на денот: Што мислат Европејците за себе и за соседите?

znaminja 35350000

„Тревата е секогаш позелена од другата страна на оградата“, гласи латинска поговорка, цитирана од поетот Овидиј за зависта кон плодната жетва на соседот. Излегува дека денешните Италијанци одржуваат слично мислење за соседите, коментира „Economist“.

Според новите податоци, претставени од тимот на проектот „Livewhat“, повеќето наследници на Овидиј веруваат многу повеќе дека животот е подобар во другите земји, отколку што локалните жители сметаат. При оценка од 1 до 10 околу 70% од Италијанците сметаат дека животот е подобар во Франција, додека само 43% од Французите го поддржуваат истото мислење.

Италијанците се исклучително самокритични, но романтичните мислења за останатите земји се широкораспространети во Европа. Во сите анкетирани земји повеќето луѓе веруваат дека животот е подобар во Франција, Германија, Италија и Швајцарија, отколку што граѓаните на овие земји го сметаат ова за вистина.

Ова создава чудни перцепции базирани на меѓусебната завист. Швајцарците мислат дека Швеѓаните живеат најдобро во Европа, додека Швеѓаните се цврсто убедени дека Швајцарците се оние на кои им завидуваат.

sosedi 33

За споредба – мислењата за најсиромашните земји во Европа се прилично мрачни. Многу сметаат дека животот во Грција и Полска е многу несреќен, отколку што всушност е. Останатите Европејци имаат ниско мислење за Полска, а Полјаците имаат најпозитивен став кон соседите. Ова можеби објаснува зошто 0,1% од населението на Полска се државјани на други земји од ЕУ (најниско ниво во Европа) и зошто има 1,5 милиони Полјаци кои живеат во Германија и Британија.

Според истражувањето на социолошката агенција „Lord Ashcroft“, скандинавските земји се најдобрите во Европа. Во рамките на ова истражување Швеѓаните се најпопуларните, а 84% од испитаниците го поддржуваат позитивното мислење за земјата. Најсиромашната Романија меѓувреме има најмалку фанови на континентот, а помалку од една третина од Европејците ја оценуваат позитивно. А земјите кои ја сакаат најмалку Романија се Хрватска и Шведска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП