16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија: Бројот на мобилни телефони трипати поголем од фиксните

Словенија: Бројот на мобилни телефони трипати поголем од фиксните

mob-fiks

Вкупно 2,35 милиони мобилни телефони се пријавени во Словенија, што значи дека бројот на нивните корисници е поголем од бројот на населението, додека класичните фиксни апарати се трипати помалку – пријавени се 721.000 приклучоци, објави Словенечкиот завод за статистика.

Бројот на фиксни приклучоци и натаму се намалува, но и нивното користење, па профитот во фиксната телефонија лани е намален за 22 отсто.

Бројот на корисници на мобилната телефонија во исто време е зголемен за четири отсто, но должината на разговорите стагнира или се намалува, додека бројот на испратени смс пораки расте веќе десетина години, пренесува љубљански „Дневник“.

Се смета дека во светот мобилната телефонија според бројот на приклучоци ќе ги надмине фиксните приклучоци во 2020 година, кога во светот ќе бидат во употреба 6,1 милијарда мобилни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП