21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските туристи во странство потрошиле рекордни 215 млрд долари

Кинеските туристи во странство потрошиле рекордни 215 млрд долари

china-tourist_2452071b

Кинеските туристи во минатата година потрошиле 215 милијарди долари во странство, што е за 53 проценти повеќе во однос на нивната потрошувачка од 2014 година.

И покрај кризата на берзите и забавувањето на втората најголема светска економија, кинеските туристи според потрошувачката и според бројот на патувања ги надминале туристите од развиените земји, вклучувајќи ги и Американците, покажуваат податоците на Светскиот совет за патувања и туризам WTTC.

Минатата година, Кинезите реализирале 120 милиони патувања во странство, покажуваат податоците на WTTC.

„Најголем дел од овој раст се должи на ширењето на средната класа“, изјави претседателот на Советот, Дејвид Сковсил.

Туристите од Кина преферираат патувања по Азија кога прв пат ја напуштаат својата земја. Европа и САД се популарни дестинации, како и државите со лабавата визна политика, покажува истражувањето на WTTC.

Популарните дестинации за патувања, како Германија, Британија и Исланд, имале бенефити од приливот на кинеските туристи, но и Австралија и Нов Зеланд.

Јапонија имала најмногу корист од доаѓањето на кинеските туристи благодарение на девалвацијата на јенот и релаксираната визна политика за посетителите од Кина.

Повозрасните туристи ги избираат патувања во организирани групи, додека младите сакаат самостојно да патуваат во странство, покажа истражувањето на Советот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП