21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПисателите Васил Тоциновски и Христо Петрески први добитници на наградата „Икар“

Писателите Васил Тоциновски и Христо Петрески први добитници на наградата „Икар“

vasile

Универзитетските професори и писатели проф.д-р Васил Тоциновски и проф.д-р Христо Петрески се први добитници на нововостановената Меѓународна награда “Икар“, што ја доделува Заедницата на Македонците “Пела“ од Сомбор (Србија).

Наградата се доделува за јакнење на меѓусебните културни, историски, пријателски, национални и соседски односи и врски.

Инаку, деновиве во Сомбор се одржа симпозиум на тема “Историјата како книжевност и активна размена“ во рамките на манифестацијата “Книжевно-историска сомборска пролет“. На манифестацијата настапија и добитниците на наградата “Икар“, писателите Тоциновски и Петрески, а посебно стана збор за животот на народите надвор од нивната татковина и за 70 години од доаѓањето на Македонците во Србија.

Притоа, беше потенцирано развивањето на духовната толеранција и постојаното негување на книжевното творештво и соработката со Република Македонија и соседните земји.

Всушност, веќе е воспоставена платформата СРМА (Србија-Македонија), односно “Деновите на македонско-српската култура“, на кои учествуваат и настапуваат писатели, музички, филмски, театарски и други уметници, научни и општествени работници и други творци, а манифестацијата се одржува во Сомбор – центарот на Западнобачката околија во Република Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП