19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAnbang упати понуда за Starwood од над 15 милијарди долари

Anbang упати понуда за Starwood од над 15 милијарди долари

anbang 33

Конкуренцијата за купување на американскиот синџир на хотели „Starwood“, се засили откако групацијата, предводена од кинески инвеститори, ја подобри својата понуда, претекнувајќи го конкурентот „Marriott“.

Групацијата, на чело со кинескиот осигурител „Anbang“, предложи 82,75 долари во кеш за акција на „Starwood“ или околу 14 милијарди долари, веројатно во обид да направи подобар предлог од ревидираната трансакција на „Marriott“, претходно во овој месец, се наведува во соопштението на „Starwood“.

Кинеската понуда вклучува и 5,91 долари во акции за бизнисот со одмори, додава „Associated Press“. А тоа значи дека веќе е поминат прагот од 15 милијарди долари.

Неодамна „Marriott“ понуди 13,6 милијарди долари во кеш и акции.

Наддавањето ги соочи едни против други амбициите на „Marriott“ да ја создаде најголемата компанија во светот за сместување со околу 5.700 хотели против иницијативата на „Anbang“ да изгради големо портфолио на инвестиции од силно профитабилни средства во американскиот сектор на недвижностите. Стекнувањето на „Starwood“ од „Anbang“ би било најголемата трансакција на кинеска компанија во САД, забележуваат агенциите.

„Starwood“, чија сопственост се хотелите „Sheraton“, „Westin“, „St. Regis“ и „Meridien“, стана првиот хотелски оператор, кој добил пристап до Куба, ден пред посетата на претседателот на САД Барак Обама пред една недела. Затоа што ја преземат контролата над овој синџир, ќе влезе и на кубанскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП