1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите имаат три големи грижи

Русите имаат три големи грижи

ruski-narod

Според истражувањето спроведено во Русија, најголемите грижи на рускиот народ се инфлацијата и сиромаштијата кои земаат се поголем замав.

Истражувањето во месец февруари го спроведе независната компанија за истражување „Levada Center“, а според нејзините истражувања, за 77 проценти од луѓето најголема грижа е инфлацијата, а за 49 проценти од жителите најголема грижа претставува сиромаштијата во пораст.

По инфлацијата и сиромаштијата, Русите ги загрижува и невработеноста која е еден од сериозните проблеми во земјата.

Со истражувањето со кое се опфатени 1.600 луѓе во 48 региони на Русија, се покажало дека најголеми проблеми за населението имаат економска природа.

Според податоците на Агенцијата за статистика (Ростат) објавени минатата недела, бројот на оние кои живееле на работ на сиромаштијата во 2015 година изнесува 19,2 милиони, додека во 2014 година тој број изнесувал 3,1 милион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП