3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПетте главни закани за распадот на ЕУ

Петте главни закани за распадот на ЕУ

EU (1) zemjite 35

Сонот за единственa Eвропскa унија се соочува со многу закани. Oва се петте основни, според аналитичарите од „Mauldin Economics“, кои можат да доведат до распад на кревката унија:

Банкарската криза во Италија

raspad 00

Италија може да се претвори во главна главоболка за Европа. Нејзиниот банкарски систем веќе покажува знаци на распаѓање, а лошите кредити излегуваат од „најздравите граници“. Тие веќе заземаат повеќе од 20% од вкупните средства на банкарскиот систем. Некои италијански банки се разликуваат дури со однос на лошите кредити од близу 40%. Колапсот на италијанскиот банкарски систем е систематски ризик за цела Европа. Италијанската економија е осма најголема во светот, што е минимално помала од онаа на Индија.

Неможностa за запирање на миграцискиот поток во Грција

raspad 01

Во споредба со Италија, грчката економија е многу помала. Решавањето на кризата во земјата, сепак останува важна поради друга причина. Грција е главен влез кон Европа на мигрантите од Сирија и Ирак. Богатите европски земји имаат потреба од соработка на Грција за справување со бегалската криза. Од друга страна, Германија и нејзините сојузници се обидуваат да наметнат тврда политика во однос на должничката криза во Грција и да ја принудат земјата да ги оствари нејзините потребни реформи. Многу е можно Грција да ја искористи својата стратешка положба во моментов и да се обиде да стави на преден план поголеми барања кон своите доверители. Компромис во однос на ова може да доведе до тоа примерот на Грција во преговорите со европските кредитори да се следи и од другите силно задолжени европски земји.

Крајот на Шенген

raspad 02

Шенгенот може да стане многу помала зона, според европските планови за справување со миграциската криза. Терористичките напади од Париз во ноември минатата година, како и новите напади во Белгија, најверојатно ќе ја зајакнат граничната контрола и ќе извадат многу земји од Шенген зоната.

Турција како нов член на ЕУ

raspad 03

Многу можно да има договор за приемот на Турција во рамките на ЕУ, ако земјата се согласи да го задржи во своите граници миграцискиот прилив кон Европа. Давањето на зелено светло за влез на Турција во ЕУ сепак е проблематично за Кипар, кој е влијателен член на Унијата и со можност за вето над слично решение. Многу е веројатно економски најмоќните членки на Унијата само да не го почитуваат ветото на Кипар, што во голема мера може да доведе до распад на ЕУ како единствена унија.

Излегувањето на Велика Британија

raspad 04

Друга многу актуелна закана пред распадот на ЕУ во оваа фаза е планираниот референдум во Велика Британија за останувањето на земјата во границите на Унијата. Тој ќе се одржи на 23-ти јуни, а во оваа фаза анкетите ја покажуваат поголемата популарност токму на гласовите за напуштање. Излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе биде сериозен удар, кој може да биде проследен и од други земји членки и на крајот да доведе до целокупно распаѓање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП