8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкромен почеток на трговската недела на Македонска берза

Скромен почеток на трговската недела на Македонска берза

mak berza

Вкупниот промет во понеделникчкото тргување на Македонска берза изнесуваше 3,2 милиони, остварен преку 49 трансакции, а сумарно се истргуваа 6.143 лотови.

Индексот МБИ10 е во позитива за 0,07 отсто и моментално изнесува 1.780,19 индексни поени, додека индексот ОМБ имаше намалување на вредноста за 0,89 проценти и моментално изнесува 127,29 индексни поени.

Повторно убедливо најтргувана хартија од вредност, со речиси 35 отсто од вкупниот промет, е акцијата на Комерцијална банка, или 1,1 милиони денари. Вкупно 493 лотови се истргуваа по просечна цена од 2.264,50 денари.

На второ место според прометот се најде акцијата на Македонски телеком АД, со истргувани 1.800 лотови по просечна цена од 285 денари.

Акцијата на Жито Лукс направи пораст на цената од 100 отсто со истргувани 200 лотови по цена од 120 денари, додека Макстил забележа пад од 6,12 отсто со истргувани 235 лотови по цена од 46 денари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП