21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМарили за својата 20-годишнина ги избра 20-те најуспешни жени менаџери

Марили за својата 20-годишнина ги избра 20-те најуспешни жени менаџери

marili

Агенција Марили годинава одбележува јубилеј 20 години од Изборот на најуспешните жени менаџери од Република Македонија и од дијаспората. Јубилејната манифестација ќе се одржи на 31-ви март во хотелот „Холидеј Ин“ Скопје, со почеток во 20 часот, а симболиката на 20-годишниот јубилеј овојпат ќе биде одбележана во изборот на 20-те најуспешни жени менаџери за минатата 2015 година.

Изборот на најуспешните е извршен според веќе воспоставените критериуми на агенцијата Марили, односно: да доаѓаат од успешни приватни компании, од различни области и дејности, од целата држава и се почитува личната согласност на менаџерките да бидат дел од овој избор.

На ваков начин се прави поддршка на менаџери коишто се докажани и високи професионалци но и млади личности кои што успешно менаџираат во рамките на семејните бизниси како и во странски компании присутни во Македонија. За нивните врвни успеси ќе им бидат доделени признанија и јубилејни статуетки.

Годинава по повод јубилејот ќе им бидат доделени статуетки и на уште 25 успешни жени менаџери за нивното континуирано успешно менаџирање години наназад, а сите тие биле дел од овој избор.

Вечерната манифестација ќе биде збогатена и со музичка програма од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје, на која ќе настапат: прва виолина – Ева Богоевска, втора виолина Билјана Југова, виола – Јован Бицевски, виолончело – Тамара Тодоровска со музичките изведби на History of music, Capriccio (Капричо) od Драган Шуплевски.

Целта на овој проект којшто опстојува две децении, е поддршка и афирмација на жената во бизнисот, за нејзина лидерска позиција во менаџирањето, во компаниите но и во општествто воопшто.

Избрани се следните жени менаџери по редослед по кој што ќе бидат и наградувани на јубилејната манифестација:

1. Маја Андреевска, Менаџер и продуцент, „Мунлајт“ Продукција – Скопје
2. Марина Анчевска, Генерален менаџер, „Центар за Бизнис Психологија“ – Скопје
3. Маја Босилковска, Менаџер за кориснички услуги, „Орифлеим“ Козметика – Скопје
4. Лилјана Деловска , Генерален менаџер, „Арт Дизајн – СДИ“ – Скопје
5. Бојана Димовска, Генерален менаџер, ДПТ „РОНТИС“ Дооел – Велес
6. Весна Иваноска, Генерален менаџер, „Сеавус“ – Едукативен и образовен центар -Скопје
7. Весна Игњатовиќ-Стојиљковиќ, Генерален менаџер, ДООЕЛ и ПЗУ „ ДР. ВАИС“ – Скопје
8. Вал Јусуфи, Генерален менаџер, „Леорон Груп“ – Скопје
9. Мимоза Конеска Каимовски, Генерален менаџер , Т.А. „Војажер“ – Скопје
10. Tања Милисковиќ, Комерцијален менаџер, „ КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ – Битола
11. Весна Мицева-Тодоровска, Генерален менаџер, Конгресен Сервисен Центар – Скопје
12. Васка Мојсовска, Генерален менаџер „Агро Калем – Тимјаник“ – Неготино
13. Соња Петковска, Извршен менаџер, Старски дом „Милица“ – Скопје
14. Антонија Ристовска, Генерален менаџер , Ателје „Антонија Ристовска“ – Скопје
15. Искра Спироска Ивановска, Менаџер, „Тим Консалтинг“ Доо – Скопје
16. Олгица Стојимировиќ, Генерален менаџер, „ПромоИталија“ – Скопје
17. Олгица Стокуќа, Менаџер, „Стокуќа“ Дооел – Скопје
18. Ксенија Чаминска, Генерален менаџер, „Професионал Акаунт“ дооел – Скопје
19. Асмира Кочан, Извршен менаџер, „Трансмет“ – Скопје

ПОСТХУМНО НАГРАДЕНА
20. Анита Андреевска, Менаџер во мировна мисија на Обединети нации
Како содржинско надополување на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери од Македонија и од дијаспората“, еден ден претходно, во среда на 30-ти март во „Холидеј Ин“ ќе се одржи тематски ден „Здравјето и убавината во функција на современата жена“ со почеток во 12 часот.

Тематскиот ден е со шестчасовна едукативна програма односно предавања од областа на медицината, фармацијата, козметологијата и бизнис психологијата, од врвни стручњаци во овие области, а истовремено ќе бидат изложбено поставени и штандови од истите дејности, кои што ќе го збогатат едукативниот ден со бројни информации особено од областа на козметологијата, фармацијата и модата.

Со ова, сметаат од агенцијата Марили, ќе ѝ помогнат на современата жена во еден ден и на едно место да се едуцира и информира за многу значајни сегменти од современиот начин на живеење, кои што ќе и помогнат во зачувување на нејзиното здравје и здравиот и негуван изглед.

Влезниците се бесплатни и се со можност за подарок односно сите компании учесници во овој тематски ден ќе доделат бројни подароци за посетителите..

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП