22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКисела Вода: Продолжено работно време за легализација на дивоградбите

Кисела Вода: Продолжено работно време за легализација на дивоградбите

k.voda opstina 33

Општина Кисела Вода ги информира граѓаните дека заради истекот на продолжениот рок за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објекти, во вторник и среда, на 29 и 30 март, барањата ќе ги прима до 20 часот, додека во четврток, на 31 март, до 24 часот.

Граѓаните потребната документација можат да ја достават во архивата на општина Кисела Вода, сместена во барака 6, при општина Кисела Вода.

Согласно законските измени, за новоподнесените барања е определен рок за доставување геодетски елаборати до крајот на наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП