2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФунтата може да се претвори во најголема губитничка основна валута

Фунтата може да се претвори во најголема губитничка основна валута

funta

Фунтата може да се претвори во најголема губитничка меѓу валутите на индустриски развиените земји пред референдумот за останување на земјата во границите на ЕУ, според аналитичарите.

Британската фунта веќе се намали за 2% во однос на валутите на земјите од Г7 во оваа година, а опциите базирани на неа, покажуваат облози дека ќе продолжи да паѓа во секое едно од следните три квартали. Односно, според прогнозите на пазарните учесници, многу е веројатно британските пари да поевтинуваат дури по референдумот, кој ќе се одржи на 23-ти јуни.

„Во моментов сме во ситуација во која темата за заминувањето на Велика Британија на ЕУ најверојатно ќе доминира на девизните пазари“, според Нед Румпелтин, раководител на единицата за валутна трговија во „Toronto Dominion Bank“ во Лондон.

Британската економија пројавува знаци на подобрување во последните недели. Тоа сепак далеку не влијае толку широко од медиумите, а сите вести или изјави на клучни британски фигури за тоа треба ли или не земјата да остане во ЕУ.

„На долг рок, британската валута најверојатно ќе се претстави слабо“, прогнозира уште Румпелтин.

Од почетокот на годината фунтата изгуби 4% во однос на доларот, а денеска се тргува на ниво од 1.4198 долари.

Со најголема премија од 5,6 процентни поени се тргуваат тримесечните опции за осигурување против намалувањето на фунтата во однос на јенот, според податоците на „Bloomberg“. Тоа е над два пати повеќе во споредба со премијата на овие опции на 22-ри март, пред анкетите да наведат дека во корист на напуштањето на земјата се очекува да гласаат повеќето од Британците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП