19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСобрани средства за изградба на сала за деца со Даунов синдром

Собрани средства за изградба на сала за деца со Даунов синдром

daun 33

Повеќе од 400 ведри и насмеани лица во неделата им го разубавија денот на децата со Даунов Синдром и заедно со нив трчаа на првата Хуманитарна трка во скопскиот Градски Парк, која што се одржа по повод светскиот Ден на лицата со Даунов синдром.

На трката која што беше од отворен карактер и во неа освен што учествуваа деца со Даунов синдром и нивните семејства, можеше да учествува секој кој има желба да биде дел од ваква хуманитарна спортска акција со донирање на 150 денари.

Убава вест која ги развесели сите учесници беше информацијата дека планираната сума за собрани средства била собрана и истата ќе биде искористена за обезбедување на сала и опрема за обезбедување услови за тренирање на децата со Даунов синдром во текот на целата година, како обезбедување сала, реквизити, стручни лица за работа, организирање на семинари и слично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП