4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се санираат речните корита во тетовско

Ќе се санираат речните корита во тетовско

teut

Договор за финансирање на проектот за изведување на градежни работи согласно главен проект за регулација на коритото на река Речица, потпишаа во понеделникот Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Тетово Теута Арифи.

„За зафатот за регулирање на коритото од реката во Голема Речица од буџетот на министерството обезбедени се 5,5 милиони денари“, изјави министерот Изаири нагласувајќи дека оваа активност е дел од Акциониот план за справување со поплавите во тетовско кој е во фаза на завршување и со кој меѓу другото се предвидува регулирање на коритото на реката Пена и санирање на браните.

Воедно, со поддршка од УСАИД, треба да започнат работите на коритото на реката во Доброште, како и проектни зафати за превенирање на можни идни поплави во Шипковица.

Градоначалникот на Тетово, Арифи изрази благодарност до Министерството за поддршката при финансирање на повеќе инфраструктурни зафати низ Тетово, посебно издвојувајќи ја изградбата на новиот водоводен систем за снабдување на градот со чиста и здрава вода за пиење, која е во завршна фаза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП