5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПогледнете како изгледа дата центарот на Google во Орегон

Погледнете како изгледа дата центарот на Google во Орегон

centar 333

Дата центарот на „Google“ во Орегон, кој инаку не е достапен дури и за повеќето нивни вработени, сега со видеото во 360 степени може да го посетите огромниот центар кој ги чува нашите податоци и извршува безброј пребарување.

„Google“ и претходно овозможи увид во нивните големи фарми со сервери преку „Street View“ или галерии со фотографии, а сега објавија ново видео во 360 степени преку кое на сите им овозможува во виртуелна реалност да го посетат ексклузивниот дата центар во Орегон. Станува збор за обезбеден погон, така што и повеќето вработени во „Google“ не може да влезат во него.

„Sandip“ ќе ве води низ овој погон и ќе објасни што ве очекува во секоја од просториите, а можете и да ги погледнете и слушнете разговорите со вработените. Илјадници сервери обезбедуваат и бројни сигурносни системи, меѓу кои е и биометриското скенирање на окото кое секој работник мора да го направи.

Oвој дата центар на „Google“ се отвори во 2006-та година и вложи 1,2 милијарди долари во него, а сега најавија и дека ќе го зголеми погонот, а со тоа и зголемување на капацитетот на дата центарот. За да се вградат нови 75.000 сервери ќе бидат вложени 600 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП