17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаедничка вежба на Специјалните сили на МВР и Специјалната оперативна команда на...

Заедничка вежба на Специјалните сили на МВР и Специјалната оперативна команда на САД во Европа

spcijalci333

Денеска во спортскиот центар „Борис Трајковски“ беше реализирана заедничка тактичка вежба на специјалните единици на МВР заедно со Специјалната оперативна команда на САД во Европа (US SOCEUR) во рамките на обуката за македонските безбедносни сили.

Оваа заедничка тактичка вежба опфаќа сценарио во реални состојби и ситуации во моменти на безбедносни кризи со закани од минско експлозивни направи за време на спортски настан, заложничка ситуација, како и преземање на конкретни мерки и активности согласно процедурите и нормите кои што се спроведуваат во вакви и слични безбедносни појави.

Оваа обука континуирано ќе продолжи да се споведува согласно програмата за работа и обука на специјалните сили при МВР во соработка со Амбасадата на САД.

Од страна на МВР изразуваат голема благодарност до Амбасадата на САД во Република Македонија за целокупниот професионален ангажман при реализација на денешната вежбовна активност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП