20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПониски цените на индустриските производители на домашниот пазар

Пониски цените на индустриските производители на домашниот пазар

industriski proizvodi22

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.1% на месечно ниво, односно за 0.7% на годишно ниво.

Во февруари 2016, во споредба со јануари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.5% и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.3%.

Во февруари 2016, во споредба со февруари 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 1.4%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.1% и Енергија за 0.1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП