1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилен ветер на југот на Англија, откажани повеќе летови

Силен ветер на југот на Англија, откажани повеќе летови

vetrovi anglija 3335

Повеќе од 150 летови од Лондон и кон аеродромите Гетвик и Хитроу се откажани во понеделник заради бурата Кети, проследена со силен ветер што го погоди југот на Англија.

Заради силните ветришта што ги предизвика бурата Кети, летовите доцнат, а некои денеска се откажани“, објавија одговорните на аеродромот Хитроу.

Прогласен е портокалов степен на тревога заради силниот ветер, а налетите на ветерот достигнуваа и брзина од 170 километри на час.

Затворен е сообраќајот на мостот на реката Темза, како и мостот што ги поврзува Англија и Велс.

Бурата Кети остави без струја најмалку 2000 домаќинства во период од еден час во окрузите Сасекс, Сури и Кент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП