21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ги менува правилата на играта за онлајн тргување

Кина ги менува правилата на играта за онлајн тргување

ecart

Кина на 8 април ќе ги промени правилата за оданочување за онлајн малопродажбата со цел да овозможи исти услови на платформите за онлајн тргување со традиционалните трговци и увозници.

Малопродажната стока која е купена преку интернет повеќе нема да се квалификува како „пакет“ и нема да се оданочува по данок за пакети кои се пониски од даноците на останатата увезена стока.

Наместо тоа, онлајн купувањето од странство ќе се оданочува на ист начин како и сета останата увозна стока, најави во четвртокот кинеското Министерство за финансии.

„Данокот на пакети не е наменет за трговија, а токму тоа го чини онлајн продажбата. Нечесно е кон конвенционалните увозници и кон домашните производители“, изјави Жанг Бин, од Кинеската академија за општествени науки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП