19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија има нафтени резерви за уште 28 години

Русија има нафтени резерви за уште 28 години

rusija-nafta-28

Докажаните резерви на нафта во Русија се доволни за само 28 години, изјави рускиот министер за природни ресурси и екологија Сергеј Донски во интервју за Росијска газета.

Станува збор за резерви „за кои точно се знае каде се наоѓаат, колкави количини се и како може да се експлоатираат“. Според Донски овие резерви изнесуваат 14 милијарди тони.

„Тоа не значи дека нафтата неизбежно ќе исчезне за 28 години“, појаснува Евгениј Гњиломјодов, директор на Центарот за перспективни анализи и стратешки истражувања.

Количината на докажаните резерви секоја година се менува и во последните десет години проценетите резерви се зголемиле. Во секој случај темпото на експлоатација е побавно од зголемените проценети резерви.

„Проценетите резерви на фосилно гориво се зголемуваат од две причини: со пресметување на резервите од познатите наоѓалишта, помеѓу останатото и со новите технологии, како и преку откривање на нови наоѓалишта“, појаснува експертот Константин Соборнов.

Според податоците на BP Statistical Review of World Energy, количината на докажани резерви во Русија е проценета на 10,6 милијарди тони, а во 2014 година оваа проценка е крената на 14 милијарди тони. Според тоа потенцијалот за натамошни резерви е голем.

Во Русија има уште најмалку 29 милијарди тони нафта кои може да се експлоатираат, смета Министерството за природни ресурси. Дали Русија ќе може да ја искористи оваа нафта и ќе сака ли докажаните резерви на нафта и натаму да растат-зависи од економските фактори, односно од цената на нафтата и даночните услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП