4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШест совети како да создадете личен бренд

Шест совети како да создадете личен бренд

brending-licen

Сакате да создадете личен бренд и да зачекорите кон успехот? Пробајте со следните совети…

Ако често сте во онлајн просторот, започнете да размислувате за тоа како да развиете сопствен, личен бренд кој верно ќе ве претставува. Зошто?

Емили Де Ла Круз, стратег за лично брендирање и основач на „The Branding Muse“ објасни: „Конкуренцијата е жестока, а информациите се лесно достапни. Пред луѓето да одлучат да работат со вас, најверојатно најпрвин ќе гуглаат. Но без личен бренд, какви релевантни информации ќе пронајдат? Личниот брендинг ви можел да ви понуди многу подобри деловни позиции отколку што можете да очекувате без него. Во изградбата на личен бренд свесно и стратешки создавате непосредна конкурентна предност во однос на своите врсници“.

Де Ла Круз во интервјуто за Refinery29 на темата личен брендинг сподели неколку интересни совети од кои ние издвоивме неколку…

1. Личниот брендинг не е само за некој кој работи во медиумската и слични индустрии

Столарите, адвокатите, организаторите на венчавки – секој би требало да размисли за свој личен бренд. Сите професии можат да имаат корист и на тој начин да го прошират своето влијание, експозиција па дури и да развиете различни видови на приходи како говорник или советник.

2. Ако имате Фејсбук, Твитер и Инстаграм профил, веќе сте ги направиле темелите на својот личен бренд

Читајте ги старите објави и по деталната анализа издвоете го најдоброто и на тој начин изберете ја својата публика и цел.

3. Бидете подготвени да инвестирате во својот бренд

Советник, веб дизајнер, фотограф, креативен директор или новинари… Тие навистина можат да ви помогнат.

4. Имајте граници

Вашиот онлајн бренд е професионална алатка, затоа не би требало претерано да го внесувате вашиот приватен живот. Нека вашиот стил на живот биде јавен, а приватната сфера лична.

5. Лајкот е важен

Доколку имате многу фоловери и многу активна публика, би требало да имате и многу лајкови кои можат да се претворат во пари.

6. Бидете искрени во своето онлајн претставување

Немојте да глумите нешто што не сте – вистината секогаш ќе се открие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП