2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочина писателот Џим Харисон, автор на книгата „Легендите за есента“

Почина писателот Џим Харисон, автор на книгата „Легендите за есента“

dzim

Американскиот писател Џим Харисон, по чија книга „Легендите за есента“ беше снимен филм кој доби Оскар за најдобра камера, почина во 78 година од животот, потврди неговиот издавач во недела.

Прозаист и поет со речиси 40 книги често ги сместуваше своите приказни во американската дивина, а и самиот беше ловец, рибар и планинар.

Починал во саботата во зимската резиденција на југозападот на американската сојузна држава Аризона.

„Легендите за есента“ беше претворена во 1994 година во филм чие дејствие е сместено на селски имот во Монтана, непосредно по избувнувањето на Првата светска војна. Главните улоги ги толкуваат Бред Пит и Ентони Хопкинс, а покрај нив се и Џулија Ормонд и Ајдан Квин. Режисер на филмот беше Едвард Звик.

Харисон е косценарист на филмот Одмазда, чие сценарио се базираше на неговата истоимена новела. Во филмот глумат Кевин Костнер и Ентони Квин. Работи и на сценариото за филмот „Волк“ со Џек Николсон од 1994 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП