2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од 30 држави чекаат за влез во Азиската инфраструктурна банка

Повеќе од 30 држави чекаат за влез во Азиската инфраструктурна банка

aiib 333

Повеќе од 30 држави чекаат за влез во Азиската банка за инфраструктурни инвестиции (АБИИ), која веќе им 57 члена, пренесе „Ројтерс“, цитирајќи го претседателот на банката Џин Ликун.

„АБИИ“, чие создавање беше предложено пред помалку од две години од кинескиот претседател Си Џинпинг, стана еден од најголемите надворешнополитички успеси на Пекинг.

И покрај противењето на Вашингтон, кон институцијата се приклучија скоро сите големи сојузници на САД – Австралија, Велика Британија, Германија, Италија, Филипините и Јужна Кореја.

Во моментов „АБИИ“ работи по приемот на нови членови, рече Џин на маргините на годишниот економски форум во Боао, Кина.

„Во последните две години ја постигнавме целта да ги убедиме сите членови. Сега имаме 57, а уште над 30 земји се на листата на чекање“, рече тој во одговор на прашањето дали земјите членки се убедени дека Кина не ја користи банката за да привлекува држави во својата орбита.

Џин не прецизираше кои се можните идни членови на банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП