19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Не гледам во кристална топка

Лагард: Не гледам во кристална топка

lagard2

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард оцени дека еврото има сигурна иднина.

Таа изрази надеж дека на ниту една европска земја во иднина нема да и биде потребен планот за спасување на ЕУ и ММФ.

„Мислам дека во голема мера беше игнорирана политичката волја, да се одржи, охрабри и зајакне еврозоната“, изјави Лагард.

„Пред еврото е иднината и тоа долгорочна иднина“, додаде директорката на ММФ.

Таа смета дека сукцесивните должнички кризи во земјите на еврозоната ја поткопаа довербата во светските пазари.

Коментирајќи во врска со можноста од појава на нови кризи Лагард изјави дека „не гледа во кристална топка“.

„Искрено се надевам дека повеќе ниту една земја од ЕУ нема да има потреба од помош од европските партнери и ММФ“, изјави таа.

Осврнувајќи се на кипарскиот случај, Лагард оцени дека тоа е единствен случај и дека економијата од таа земја претставува само 0,2 проценти од европската економија.

„Тоа е многу специфичен случај со повеќе аспекти“, изјави таа, нагласувајќи ја важноста на банкарскиот сектор во кипарската економија.

Лагард изрази надеж дека претставниците на ЕУ ќе извлечат порака од финансиската криза во изминатите две години и ќе се одлучат да ја забрзаат консолидацијата на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП