Промоција на стихозбирката „Блесокот на душата“ од Борко Трајков ќе се одржи во сабота вечер во кафе книжарницата Магор.
За Борко Трајков (1944-2006) се пишува и се зборува како за ангел на поезијата, поет кој прв ги продолжил традициите на поетската авантура на Ацо Караманов. Неговиот поетски пев е крик кон судбината и кон Бога, кон вечниот стремеж човекот да биде љубов и само љубов, зашто и самиот Бог е љубов! (извадок од поговорот на Борче Панов).