19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОколу 8.500 прилепчани добија решение за легализација на дивоградби

Околу 8.500 прилепчани добија решение за легализација на дивоградби

riki 3355

Нови решенија за легализација додели градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, со што досега се легализирани околу 8.500 дивоградби, од вкупно поднесените 15.367 барања за добивање на правен статус на објектот.

Градоначалникот Ристески уште еднаш потсети на големиот бенефит што граѓаните го добиваат со Законот за легализација.

„До 31-ви март треба да се поднесат барањата за легализација на дивоградби и активно да се искористи продолжениот рок. Елаборатите, пак, можат да се достават и до крајот на 2017 година. Сепак, за граѓаните кои веќе поднеле барања, рокот за доставување на елаборати е до крајот на годинава“, посочи градоначалникот Ристески во неговата изјава за медиумите.

Официјалните информации говорат дека постапувањето по барањата за легализирање на дивоградбите продолжува да се реализира согласно претходно проектираната динамика, по што Прилеп и натаму останува на првото место на ниво на држава како по легализирани објекти, така и според изработката на деталните урбанистички планови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП