17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапленети и уништени 100 кг небезбедни димени месни производи

Запленети и уништени 100 кг небезбедни димени месни производи

mesni proizvodi 343

Агенцијата за храна и ветеринарство неделава во месарница во скопската населба Ново Лисиче заплени и уништи 100 килограми небезбедни димени месни производи и спречи истите да стасаат до крајниот потрошувач.

Истрагата од инспекциската контрола констатираше дека небезбедните димени производи потекнуваат од несоодветен, нехигиенски и неодобрен објект кој се наоѓа во скопското село Ајватовци, велат од Агенцијата.

Во нелегалниот и недозволениот објект во скопско Ајватовци беа пронајдени и уште неколку стотини килограми на небезбедни димени месни производи и други преработки од месо и истите беа веднаш уништени.

Агенцијата за храна и ветеринарство го затвори нелегалниот објект и при тоа на соспствениокот му изрече парична казна во висина од 10 илјади евра, а во исто време во процедура е и постапка за покренување на кривична пријава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП