29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕнергетски обновената градинка „8-ми Март“ во населбата Пржино

Енергетски обновената градинка „8-ми Март“ во населбата Пржино

gradinka osmi mart 33

Енергетски обновената градинка „8-ми Март“ во населбата Пржино, денеска беше пуштена во употреба.

„Во овој објект пред 2,5 години направивме целосна реконструкција на покривот, ги променивме азбестните табли. Она што недостигаше беше промена на прозорците, на целата столарија и појачување на фасадата, како би се добил ефектот на затоплување во зимските услови“, рече градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.

За реконструкцијата на градинката беа потрошени 2.300.000,00 денари, од нив општина Кисела Вода партиципираше со 770.000,00 денари од сопствениот буџет.

Градоначалничката на Кисела Вода најави дека работат на проект за воведување систем на затоплување со биомаса во градинките и училиштата ширум општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП