10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурците шокираа со сосема неочекуван потег

Турците шокираа со сосема неочекуван потег

турци-турска

Турската централна банка ја намали маргиналната стапка за прекуноќните позајмици на 10,50 од 10,75 проценти.

Овој потег на Турската централна банка е изненадувачки во услови на тврдокорно високата инфлација.

Централната банка соопшти дека еднонеделната REPO каматна стапка ќе ја задржи на 7,5 проценти, а меѓубанкарската каматна стапка, според која банките една на друга позајмуваат средства, на 7,25 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Најновото намалување на каматните стапки во соопштението на централната банка е опишано како „чекор кон поедноставување на комплексниот систем за каматни стапки на централната банка“.

Ваквиот потег, како што наведува Франс прес, ги изненади аналитичарите, бидејќи не очекуваа никакви промени во каматите, бидејќи инфлацијата е сеуште на високите 8,8 проценти, што е значително над целните 5,0 проценти.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во повеќе наврати вршеше притисок на банката да ги намали каматите со цел да го поттикне економскиот раст на Турција, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП