ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се гради водовод во скопско Никиштани

Ќе се гради водовод во скопско Никиштани

nikistani

Договор за финансирање на проектот за изградба на водовод во село Никиштани потпиша во петок Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски.

Со потпишувањето на овој договор започнува да се решава проблемот со питка вода за населението во единственото село од општина Ѓорче Петров во кое нема изградено водоснабдителна мрежа.

Средствата во висина од три милиони денари се обезбедени преку Програмата за инвестиции во животната средина за 2016 година, а останатите средства неопходни за целосна реализација на проектот ќе ги финансира општината.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП