9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ поделила ултра евтини кредити

ЕЦБ поделила ултра евтини кредити

пари-мани-ултра

Европската централна банка ЕЦБ им одобрила 7,3 милијарди евра ултра евтини кредити на банките, во рамките на нејзиното поттикнување на кредитирањето на домаќинствата и компаниите.

Споменатиот износ на кредити, одобрени во рамките на програмата на ЕЦБ т.н „целни долгорочни операции за рефинансирање“ (TLTRO) е понизок во однос на претходната рунда кредитирање, соопштија од таа банка, пренесува агенцијата Франс прес.

Станува збор за седмата аукција за кредитирање во рамките на програмата TLTRO која прв пат е лансирана во септември 2014 година, а 19 банки позајмиле вкупно 7,3 милијарди евра по фиксна нулта каматна стапка, соопшти ЕЦБ.

Целта на програмата TLTRO е поттикнување на кредитирањето во еврозоната и охрабрување на банките кредитните пласмани да ги насочат кон домаќинствата и компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП