19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа азиските бeрзи претпазливост, доларот пред седмична добивка

На азиските бeрзи претпазливост, доларот пред седмична добивка

berzi azija 2994

На берзите во Токио и Шангај во петокот цените на акциите порасна, додека во Јужна Кореја благо паднаа поради сигналите за забавувањето на растот на тамошната економија.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневно тргување во петокот беше во плус од 0,6 отсто, додека цените на акциите во Шангај пораснаа за 0,2 проценти, Во Јужна Кореја, пак, паднаа за 0,1 отсто, додека на повеќето азиски берзи поради католичките велигденски празници во петокот не се работи.

Во пресрет на продолжениот празничен викенд тргувањето е мирно, уште повеќе што денеска на најголемите светски берзи во САД и Европа не се работи.

Вложувачите на Токиската берза малку беа охрабрени од податокот за поголемиот раст на потрошувачките цени од очекувањата на аналитичарите, што би можело да преставува навестување дека напорите на властите во сузбивањето на дефлациските притисоци даваат резултати.

Од друга страна, вложувачите во Јужна Кореја не ги поттикна втората процена дека тамошниот бруто домашен производ (БДП) во последниот лански квартал се зголемил за 0,7 отсто, додека првата процена укажуваше на раст од 0,6 отсто. Иако растот на БДП-то е благо забрзан отколку што првично се проценуваше, тоа сепак претставува забавување на растот во четвртата според обемот азиска економија во однос на претходните квартали.

И на валутните пазари владее претпазливост, при што американскиот долар е на пат да оствари седмична добивка, откако неколку функционери на американската централна банка порачаа дека таа годинава би можела да ги зголеми клучните каматни стапки во два наврата, а првиот таков потег би следел веќе во април, порано отколку што очекуваа пазарите.

Оттаму, во петокот претпладнето индексот на доларот која ја изразува вредноста на американската валута во однос на шесте најважни валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, зајакна за 0,2 отсто, на 96,28 поени, па од почетокот на седмицава е во добивка од 1,3 отсто.

Во однос на јапонската валута, курсот на доларот достигна 113,05 јени, додека во четвртокот во истиот период од тргувањето изнесуваше 112,80 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна од вчерашните 1,1170 на 1,1160 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП