4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕве каде инвестираат развиените земји

Еве каде инвестираат развиените земји

5246309756f40deff1dc2290211348_w640

Инвестициите во обновливата енергија минатата година достигнаа 286 милијарди долари од кои повеќе од половината биле во земјите во развој.

Со тоа земјите во развој за прв пат ги надминаа развиените земји според инвестициите во обновлива енергија, се наведува во извештајот на програмата на ОН за заштита на животната средина.

Инвестициите на земјите во развој во обновлива енергија пораснале за 19 проценти на 156 милијарди долари, од кои само во Кина изнесувале 103 милијарди долари.

САД ги зголемиле инвестициите во обновлива енергија за 19 проценти на 44 милијарди долари, но вкупните такви инвестиции во развиените земји паднале за осум проценти на 130 милијарди долари.

И покрај големите инвестиции, обновливите извори на енергија покриваат дури една десетина од енергијата во светот, која во најголем дел доаѓа од јагленот и природниот гас.

Податоците за обновливата енергија се засновани на информациите на Блумберг и не ги вклучуваат големите хидроенергетски проекти кои борците за заштита на животната околина ги критикуваат поради загрозување на природата и речните текови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП