17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСите стравуваат од пукање на третиот кинески „балон“

Сите стравуваат од пукање на третиот кинески „балон“

kina balon 345553

Прво пукна „балонот“ со имот во Кина. Потоа, во летото минатата година, пукна и „балонот“ на кинеската берза. Инвеститорите почнуваат да стравуваат дека претстои и трет „балон“ во земјата – кредитниот.

Особено со полна сила важи тоа за издавањето на корпоративните кинески обврзници кое се развива во исклучително темпо во последниве години. За овој надуен „балон“ во голема мера помагаат претходните два балони што ги натера инвеститорите да бараат други профитабилни инвестициски алтернативи, сметаат пазарните набљудувачи.

Премногу обврзници се нудат на кинескиот пазар, вклучувајќи ги и од имотните компании кои не можат да ги реализираат објектите, како последица на „балонот“ во Катастарот, коментираат аналитичарите. Овие компании се дефинираат како „зомби“ на должничките пазари и може да се оние од кои ќе започне должничката криза.

„Според нас Кина е во фаза на троен „балон“, а и третиот најголем „балон“ на долгови на сите времиња“, коментира Андреј Гартуејт, аналитичар од „Credit Suisse“.

Во изминатата година издадените корпоративни обврзници се зголемија за 21% во однос на 2014-та година, а веќе сочинуваат 21,6% од БДП наспроти 18,4% од една година порано, покажуваат податоците на „Societe Generale“. Нудењето на кинески државни должнички акции исто така се очекува да се зголеми во оваа година – до 1,4 илјади милијарди јуани наспроти 936 милијарди јуани во минатата.

Во исто време владата работи на еден многу важен проект – трансформацијата на локалниот долг на општините, во врска со бумот кај инфраструктурните проекти во општински обврзници. Во оваа година се очекува оваа трансформација да ја зголеми понудата на општинските обврзници со 6 илјади милијарди јуани, а тоа се многу обврзници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП