19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит загриженост поради јакнењето на доларот

На Волстрит загриженост поради јакнењето на доларот

volstrit-berzi

На Волстрит во четвртокот берзанските индекси останаа речиси непроменети, бидејќи инвеститорите би загрижуваше јакнењето на американскиот долар и падот на цените на сировините.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,08 отсто, на 17.515 поени, a Nasdaq индексот за 0,10 проценти, на 4.773 поени, додека индексот S&P 500, пак, ослабе за 0,04 отсто, на 2.035 индексни поени.

По петте седмици раст на цените на акциите, S&P 500 индексот минатиот петок се проби во позитивната област во однос на почетокот на годинава. Меѓутоа, по падот на последните денови повторно е во минус. Оваа седмица ослабе за 0,7 отсто.

Пазарите се најдоа оваа седмица под притисок откако неколку функционери на американската централна банка порачаа дека таа годинава би можела да ги зголеми клучните каматни стапки во два наврата, а првиот таков потег би следел веќе во април, порано отколку што очекуваа пазарите. Тоа ги вознемири вложувачите кои се надеваа дека банката во оваа година би можела да ги зголеми каматите само еднаш, и тоа подоцна во текот на годинава.

Можноста за зголемување на каматите, пак, го поттикна подемот на курсот на американскиот долар, а тоа ги притисна цените на нафтата и на другите сировини, Поради тоа оваа седмица паднаа цените на акциите во рударскиот и во енергетскиот сектор, кој и онака беше под притисок поради продолжувањето на растот на резервите од нафта во САД, што ја обнови загриженоста на инвеститорите дека понудат и натаму е значително поголема од побарувачката.

Високиот курс на доларот не им одговара на американските мултинационални компании, бидејќи поради тоа слабеат нивните приходи од странските пазари. Терористичките напади во Брисел, исто така, придонесоа за несигурност на пазарите, сметаат аналитичарите. Покрај тоа, никој не сака премногу да ризикува пред продолжениот викенд, имајќи ги предвид претстојните велигденски празници во западниот свет. Во петок, имено, на Волстрит не се работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП