20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдинствен „милионер” на денот беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје

Единствен „милионер” на денот беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје

mk berza

Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје беше единствена хартија од вредност со промет од повеќе од милион денари во четвртокот, поточно 4,7 милиони денари, остварени преку 14 трансакции, при што беа истргувани вкупно 2.078 лотови по просечна цена од 2.300 денари.

Најголем пад на вредноста, од 9,38 отсто, забележа акцијата на Стопанска банка АД Битола и денот го заврши со вредност од 1.060 денари (количина 53 лотови). Веднаш зад неа се најдоа акциите на Арцелормиттал Скопје (РЖЛВ) и Макстил АД Скопје со пад од 6,25 и 2,00 отсто, соодветно.

На спротивната листа на добитници челното место го зазема акцијата на ЕМО АД Охрид со раст од 5 отсто и просечна цена од 21 денари, потоа следеа акциите на Охридска банка АД Скопје со раст од 1,12 отсто и Стопанска банка АД Скопје со раст од 0,64 отсто.

Денот заврши со вкупен промет од 6 милиони денари, реализирани преку 41 трансакции и истргувани вкупно 4.183 лотови. Индексот МБИ10 бележеше пад од 0,34 отсто и заврши на 1.789,72 индексни поени, додека пак индексот ОМБ остана на истата вредност од вчерашниот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП