8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата паднаа под притисокот на американските резерви и доларот

Цените на нафтата паднаа под притисокот на американските резерви и доларот

nafta 93939

Цените на нафтата на меѓународните пазари во четвртокот паднаа под нивото од 40 долари по барел, притиснати од неочекувано силниот скок на резервите во САД и појакиот американски долар.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 85 центи во однос на затворањето на тргувањето во средата и изнесуваше 39,62 долари. Во средата, пак, го затвори тргувањето во минус од 1,32 долари. На американскиот пазар со барелот во четвртокот се тргуваше по 84 центи пониска цената, од 38,95 долари, откако претходниот ден заврши со минус од 1,66 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта OPEC објави дека цента на барелот референтна кошница нејзина нафта во средата изнесувала 36,19 долари, што значи дека пораснала за 48 центи во однос на претходниот трговски ден.

Во средата објавените податоци на американската влада покажаа скок на резервите на сировата нафта минатата седмица за 9,4 милиони барели, што е тројно повеќе отколку што предвидуваа аналитичарите во анкетата на Reuters. Дополнително, цените и притисна посилниот долар, кој ја црпи поддршката од поединечни изјави на некои челници на американската централна банка, дека би требало да се подигнат клучните каматни стапки во САД.

„Податоците за состојбата на резервите ги поттикнаа продажбите а паралелно построгата реторика на функционерите на американската централна банка го зајакна доларот“, толкува Мајкл Хјусон од „CMC Markets“.

Посилниот долар ја поскапува нафтата, чиишто цени се искажани во американската валута, за поседувачите на другите валути, придушувајќи ја побарувачката.

Се очекува, така, тргувањето во петокот да биде многу слабо, бидејќи многу пазари ќе бидат затворени поради велигденскиот празници во западниот свет. Послабо тргување се очекува и во понеделник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП