22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобри денови за американската економија

Добри денови за американската економија

ekonomij us

Првичните молби за помош за невработеност во САД се зголемиле до 265.000 во текот на изминатата недела, што се покажа под просечните очекувања на аналитичарите за вредност од 269.000.

Четиринеделната средна величина на показателот е зголемен до 259.750 – раст од 250 спрема недела порано. Во изминатата недела показателот се зголеми за 6.000, до 259.000. Тој се задржува трајно под психолошката граница од 300.000 за 55-та последователна недела, што е најдолгиот период од 1973-та година наваму.

Тоа е уште знак за добрата состојба на пазарот на трудот во најголемата светска економија. Во одделен извештај стана јасно дека налозите на основни стоки се намалиле со 2,8% во февруари.

Пад во налозите на транспортните средства се предодредени со влошувањето на показателите. Растот во налозите на трајни добра за јануари е ревидиран до 4.2% во однос на претходно објавените 4.7%. Резултатот сепак се покажа за подобар од просечните очекувања на аналитичарите за намалување на показателот од 3% на месечна основа, според просечните очекувања на „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП